Голема трагедија утрово се случи со Црна Гора, каде на само 26-годишна возраст почина репрезентативниот голман, Матија Шаркиќ. Тој пред само десеттина дена ја воодушеви цела Црна Гора со своите фантастични одбрани на пријателскиот меч против Белгија (0-2).
Според информациите од црногорските медиуми, на голманот му се влошила здравствената состојба утрово околу 6:30 часот во стан во Будва. Неговите пријатели веднаш повикале итна помош, но лекарите можеле само да констатираат смрт. Полицијата е на терен, се истражува што се случило со голманот, но според првите информации се работи за природна смрт.
Шаркиќ беше голман на Милвол, а во Црна Гора беа воодушевени од него и сметаа дека добија голман за следната декада, сепак, неговиот живот згасна на само 26 години.
Црногорскиот голман во својата кариера беше дел и од Вулверхемптон, Стоук, Бирмингем, Астон вила и Шревсбери.