На дуелот меѓу Младост Лучани и Раднички Крагуевац се случи голема трагедија. Додека траеше мечот, ненадејно му се слоши на теренерот на Раднички Крагуевац, Младен Жижовиќ, кој подоцна почина. Жижовиќ имаше 45 години, а беше поранешен тренер на Шкупи.
Жижовиќ кој го презеде Раднички пред десет дена, се сруши покрај клупата во 22. минута од натпреварот. Брзата помош веднаш го однесе тренерот на клубот од Крагуевац, а дваесет минути подоцна натпреварот беше прекинат по пристигнувањето на најтажната вест.
Повеќето фудбалери ја ставија раката на глава, исто како и тренерите на клупите, додека помошниот тренер на Раднички, Бојан Пузигача, буквално падна на тревникот.
Tragedija u Lučanima, preminuo Mladen Žižović, utakmica Mladost – Radnički odmah prekinuta. pic.twitter.com/oOGnZiTOfW
— Aleksandar Ilić (@aleks89ilic) November 3, 2025

                                    