Трагедија: На трка во Спа-Франкошамп по стравичен судир загина 18-годишен возач (Видео)

На трката на Регионалното европско првенство во формула која се возеше на патеката Спа-Франкошамп во Белгија, загина 18-годишниот Дилано вант Хоф.

Младиот возач загуби контрола над својот болид и тоа неколку секунди пред да биде удрен од друг болид. Трката се возеше во лоши временски услови, односно за време на дожд.

https://twitter.com/i/status/1675107073938321408

„За жал, објавуваме дека почина возачот Дилано вант Хоф. Инцидентот се случи на втората трка во Спа-Франкошамп. Сакаме да упатиме сочуство до семејството, тимот и пријателите. Сочуство изразуваат и Авто-мото федерацијата на Белгија, Спа-Франкошамп и Алпине“, стои во соопштението на Формула 1.

- Оглас -

Најнови вести