Маж загинал вчера на новообновениот стадион „Банорте“ во Мексико сити, откако паднал од ложата непосредно пред натпреварот по повод повторното отворање на објектот, соопштија безбедносните служби. Трагедијата се случила на стадионот попознат по неговото старо име „Ацтека“, каде што се одигра пријателски натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Мексико и на Португалија, пренесува „Ројтерс“.
Натпреварот послужил како тест за стадионот по завршувањето на градежните работи, кои биле забрзано финализирани за да се испочитува рокот во саботата. На овој стадион, каде што на 11 јуни е закажана церемонијата на отворање на Светско првенство во фудбал 2026, ќе се играат натпревари од третото светско првенство, по што е единствен во светот.
Според информациите од властите, починатиот маж бил под дејство на алкохол. Тој се обидел да прескокне од ложа на второто ниво на онаа на првото, притоа качувајќи се по надворешниот дел од конструкцијата, по што паднал на приземјето.
Пријателскиот натпревар меѓу Мексико и Португалија заврши без голови, 0-0.

