Трагедија – Не издржа срце јуначко, почина голманот Алфредо Кинтана

Алфредо Кинтана ја загуби најважната битка и, за жал, почина во болницата „Сао Жоао“, објавија од ракометниот клуб Порто. Лекарите и покрај огромните напори, не успеаја да го спасат животот на 32-годишниот португалски репрезентативец, кој доживеа инфаркт во понеделникот на тренинг на Порто.

Кинтана беше дел од голманското трио на Порто, заедно со нашиот репрезентативец Никола Митревски и Диого Маркес.

Кинтана, кој е роден во Хавана, Куба, но настапуваше за португалската репрезентација, беше еден од најдобрите голмани во Европа, а не го преживеа срцевиот удар.

Беше префрлен во болницата „Сао Жоао“ во Порто, каде што беше во индуцирана кома, но, за жал, денеска ја загуби најважната битка. Бранеше на 56 натпревари за Португалија, а на 20 март требаше да го прослави 33-тиот роденден.

- Оглас -

Најнови вести