Трагедија – Почина 17-годишен фудбалер, се обидел да ја дофати топката, го удрила струја

Во бизарен инцидент и голема трагедија во Англија животот го загуби 17-годишниот фудбалер на АФЦ Филде, Лук Бенет.

Еден од најталентираните играчи на англискиот нисколигаш се обидел со железна прачка да го симне фудбалот што бил заглавен на електричните столбови и доживеал страотен струен удар.

Луѓето што биле очевидци на трагедијата веднаш се обиделе да му помогнат, но била констатирана смрт на лице место.

Полицијата најави истрага за случајот што е бизарен, но однесе млад живот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести