Трагедија: Почина 18-годишната боксерка која беше нокаутирана пред пет дена (Вознемирувачко видео)

Мексиканската млада боксерка Жанет Закаријас Запата почина во болница, откако пет дена беше во кома по нејзиниот меч во Монтреал со Канаѓанката Мари-Пјер Уле.

Запата имаше само 18 години. Таа откако прими серија удари, судијата ја прекина борбата, а кога од тимот на Запата дојдоа до неа, се виде дека не е свесна и почна неконтролирано да се тресе.

За Запата тоа беше шеста борба во кариерата, прва во странство и, за жал, се покажа како последна. Нејзината противничка преку социјалните мрежи упати искрено сочувство и рече дека се чувствува скршено од болка и тага бидејќи немала намера да ја повреди Запата.

https://twitter.com/i/status/1432171985396772867

- Оглас -

Најнови вести