Трагична вест ја потресе македонската ракометна јавност. Почина Андреј Петрески, млад ракометар на РК Аеродром. Според информациите, 19-годишниот Андреј починал во својот дом.
Уште од најмлада возраст Петрески беше член на РК Аеродром, играше на позицијата лево крило, а се наоѓаше и на поширокиот список на кадетската репрезентација на Македонија пред настапот на Светското првенство.