Трагедија – Почина клупската легенда на Јута Џез

Вистинска трагедија се слули денеска во Јута, а почина клупската легенда на Џез, Марк Итон. Познатиот кошаркар, кој 11 сезони играше само за Јута Џез бил пронајден во близина на Парк сити како лежи на патот, крај совојот велосипед.

Итон бил итно префрлен во болница каде и починал на 64-годишна возраст. Причината за смртта на клупската легенда на Јута џез се уште е нејасна, а се постои сомнеѓ дека бил удрен од автмобил.

Итон играше во НБА лигата само за Јута Џез од 1982 до 1993 година и има еден настап на Ол-стар мечевите. Беше двапати избран за најдобар дефанзивец во најсилната кошаркарска лига на светот, а дури пет пати беше во првата или втората дефанзивна постава во НБА лигата.

Марк е и се уште актуелен рекордер со најмногу блокади во една сезона, 456. Јута во негова чест го повлече дресот што го носеше со број 53.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести