Поранешен фудбалер на Црвена ѕвезда, Земун и Зета е убиен во Србија, односно во местото Сопот, додека се шетал по улица. Истражните органи во Србија не го откриваат идентитетот, освен дека има 43 години, со иницијали Ж. Б., но и податокот дека се работи за поранешен фудбалер.
Полицијата е во потрага по сторителот, односно сторителите, а она што го пренесуваат медиумите кај нашиот северен сосед е дека се работи за лице кое било обвинето за шверц на 324 килограми кокаин од Јужна Америка во Европа и дека најверојатно се работи за пресметка на подземјето.

