Трагедија – се самоуби српски ракометен репрезентативец

Српскиот ракометар Новак Бошковиќ, ја шокираше српската јавност со самоубиството кое го изврши со пиштол. Бошковиќ имаше 29 години, играше како десен бек, беше репрезентативец на Србија, дресот на националниот тим го носеше и на ЕП 2016 година, а играше и на мечот против Македонија.

Бошковиќ е пронајден во својата куќа во Црвенка, а во моментот кога си пресуди со куршум во глава, во куќата биле и неговата сопруга и неодамна роденото бебе. Сопругата викнала полиција и брза помош, но тие само констатирале смрт.

Неофицијално, Бошковиќ имал проблеми со коцкањето, па затоа се самоубил. Играше за Црвенка, Врбас, Прибој, Копер, Татабања, Динамо Букурешт, Хапоел.

 

- Оглас -

Најнови вести