Питер Кабуго е помошник судија од Уганда кој почина за време на меч од седмото коло во тамошната Премиер лига. На несреќниот арбитар му се слошило во 73 минута, а иако брзо реагирале лекарите, а потоа и со амбулантно возило бил пренесен во болница, не можел да се спаси.
Според првичните информации, 27-годишниот Питер починал од срцев удар.
Снимката која е во продолжение е со вознемирувачка содржина.