28.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Трагедија: Тенисер кој го има победено Јаник Синер, загина во сообраќајна несреќа

Голема трагедија се случи во северниот дел од Италија, во областа „Јужен Тирол“, каде што во сообраќајна несреќа загина некогашниот тенисер и тренер Тобијас Тапеинер. Се работи за 24-годишен тенисер кој беше и голем пријател со најдобриот тенисер во светот во моментов, Јаник Синер.

Во младинските денови и почетокот на кариерата, Синер има пораз од Тапеинер, и тоа со 7:6 и 6:3. Двајцата тренирале во школата Болцано, а Тапеинер на социјалните мрежи има и фотографија со Синер.

Во кобниот момент кога се случила несреќата во која загина 24-годишниот тенисер, Тапеинер направил фатална грешка кога непрописно се вклучил во погрешна патека на автопатот А22 во северна Италија. Во тој момент Тапеинер се судрил со возило во кое имало петчлено семејство.

Мајката и таткото кои биле во возилото се во критична состојба, додека нивните три деца кои се на возраст од осум, 11 и 14 години се безбедни, но се во болницата во Болцано.

- Оглас -

Најнови вести