Трагедија во Албанија: среде дерби почина фудбалер кој има играно со Барди во Леванте

Уште еден човечки живот згасна на фудбалски терен. Станува збор за Рафаел Дуамена од клубот Егнатија, фудбалер од Гана кој попладнево падна на терен среде дербито на албанската лига со Партизани, и почина на 28-годишна возраст.

За Дуамена беше познато дека уште од 2017 година имал проблеми со срцето. Во јануари 2020 додека беше во Леванте заедно со Енис Барди, му беше вграден дефибрилатор, а во октомври истата година кога беше во дански Вејле, му беше забрането да игра поради ризик, откако резултатите од испитувањето покажаа неповолни вредности.

Во октомври 2021 на меч од австрискиот куп колабираше на терен, но со електро шокови брзо беше вратен во живот и стабилизиран.

За жал, денеска му немаше спас и почина на пат кон болницата во Каваја. Албанската фудбалска федерација ги одложи сите мечеви кои требаше да се играат викендов.

Ова вознемирувачко видео го покажува моментот на колапс на Дуамена и обидите да биде спасен:

- Оглас -

Најнови вести