За време на натпревар од втората лига во првенството на Бурунди во саботата се случи трагична смрт на 24-годишниот играч од средниот ред Аиме Герик.
Според „Спорт њуз Африка“, причината за смртта е бизарна – играчот од средниот ред наводно имал паричка во устата што ја проголтал и таа му ги блокирала дишните патишта.
Оваа паричка е тесно поврзана со вештерство. Неколку извештаи укажуваат дека практиката на консултирање со локални волшебници за да се утврди исходот од фудбалските натпревари е широко распространета во Бурунди.
И покрај укажаната медицинска помош, играчот починал при транспортот во болница.
Не стануваше збор за обична паричка, туку за таканаречен „грис-грис“, односно амајлија која овојпат не му донесе среќа, напротив. Целиот случај предизвика повици од јавноста и фудбалската заедница да се истражат сите околности и да се стави крај на опасните ритуали.

