Трагедија во Чиле: Убиен навивач на пријателски меч на Коло Коло (Видео)

Хулигански испади во Сантијаго де Чиле за време на пријателскиот натпревар меѓу чилеанскиот тим Коло Коло и Универзитарио Лима од Перу заврши со трагична смрт на едне навивач на Коло Коло. Според информации од агенцијата АФП, група фанови на Универзитарио Лима нападнале припадник на Коло Коло, а инцидентот завршил со трагични последици.

Ова го потврди и обвинителот Франциско Моралес на прес-конференција.

„Нападот се случил околу 20 часот по локално време, пред самиот почеток на натпреварот меѓу најпопуларните тимови во Чиле и Перу. Навивачите на Универзитарио Лима жестоко нападнале еден навивач на Коло Коло, кој го загуби животот“, изјави обвинителот.

Исто така, за време на натпреварот имало многу инциденти, причинети од користење на пиротехника и фрлање на самостојно направени експлозивни направи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести