Трагедија во Еквадор: 20-годишен фудбалер убиен пред својот дом

Членот на еквадорскиот прволигаш Гвајакил сити, Едвин Еспиноза, во саботата навечер бил убиен пред портите на својот дом. Дваесетгодишниот фудбалер подлегнал на раните откако бил застрелан неколкупати, додека од клубот информираат дека тој не бил целта, односно бил помешан со друг човек.

„Еспиноза беше коректен и образован фудбалер, со голем потенцијал да има успешна кариера. Го познавав уште кога имаше 12 години кога првпат почна се зачлени во нашиот клуб. Како што дознавме, Едвин е убиен по грешка пред неговиот дом“, истакна тренерот на Гвајакил Карлос Франко.

Еквадор претрпе нова спортска трагедија откако во мај минатата година фудбалер од втората еквадорска лига беше убиен при вооружена пресметка.

- Оглас -

Најнови вести