Трагедија во Грција: Фудбалер на 21 година почина на натпревар

Голема трагедија се случи денеска во грчкиот фудбал откако играчот на третолигашот Олиополија, Александрос Лампис, почина од срцев удар и тоа за време на мечот против Ермионида.

Лампис, кој имаше само 21 година, почина од срцев удар и тоа на самиот старт од мечот. Несреќниот фудбалер се срушил на теренот само по пет минути игра, а на стадионот немало ниту лекарска екипа, ниту дефибрилатор кој е неопходен за укажување на прва помош при вакви несреќи.

„Нашиот Алеко, нашиот пријател, нашиот брат прерано не напушти. Цел тим и цел град тагува денеска. Немаме зборови, само чувствуваме неподнослива болка. Почивај во мир Алеко“, стои во соопштението од клубот на Лампис.

Цели 20 минути се чекало да дојде лекар за да помогне. Фудбалерот потоа бил префрлен во болница, но било прекасно и не можело да се спречи најлошото сценарио.

- Оглас -

Најнови вести