Трагедија во Хрватска, прва смрт во ВРЦ по 17 години

Страшни вести пристигнуваат од Хрватска во пресрет на Светскиот шампионат во рели кој се одржува во оваа земја, возачот на ВРЦ тимот Хјундаи, Крег Брин (33) почина на лице место откако се удри во дрвен столб.

Брин, кој се наоѓаше на шестото место во генералниот пласман во конкуренција на возачи, а минатата година беше четврти на релито во Хрватска, животот го загуби на на делницата помеѓу Стар Голубовац и Лобор.

https://twitter.com/Motorsport/status/1646510518453309442?s=20

Ова е прв трагичен настап во ВРЦ по 17 години, последен кој го загуби животот беше Јорг Баштук, кој беше совозач на Арон Букхард, и тоа на релито Каталонија во 2006 година.

Последен возач во ВРЦ кој загинал е Аугусто Мендеш, Португалецот кој почина на домашното рели во 1989 година.

- Оглас -

Најнови вести