Трагедија во Индонезија: Гром усмрти фудбалер за време на натпревар (Видео)

Голема трагедија се случи изминатиот викенд во Индонезија откако фудбалер почина на теренот по удар од гром. Немилиот настан се случил за време на пријателски натпревар помеѓу екипите на Бандунга и Субанга, чиј натпревар започнал по мал дожд, но со текот на времето дождот се засилил. Главниот судија одлучил дека има услови за игра и не го прекинал мечот, а тоа било кобно за несреќниот 34-годишен фудбалер, Септин Рахарју, кој починал на лице место.

Останатите играчи веднаш се обиделе да го реанимираат, пристигнала и брзата помош, но и тие можеле само да констатираат смрт.

Предупредување: Видеото е со вознемирувачка содржина.

https://twitter.com/githii/status/1756606815033282759?utm_source=Klix

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести