Трагедија во Италија, загина младински репрезентативец

Лацио завиен во црно по тешката сообраќајна несреќа во која животот го загуби 19-годишниот талент, Даниел Герини.

Младиот фудбалер подлегна на повредите во несреќата која вчера навечер се случи во Рим, откако во неговото возило „Смарт“, се заби 68-годишен возач кој управувал со автомобил од марката „Мерцедес“. Герини во својот автомобил бил со уште двајца патници, кои се во тешка состојба и се наоѓаат во болница.

Герини беше голема надеж на италијанскиот фудбал. Неодамна наполни 19 години и лесно се пробиваше низ младинските категории на Италија. Играше на позицијата „десетка“ и му се предвидуваше блескава кариера, а во Лацио пристигна пред околу два месеци откако го напушти младинскиот погон на Торино.

- Оглас -

Најнови вести