37.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Трагедија во Јужна Африка, разбојници прво го извадиле од автомобил, а потоа го убиле фудбалскиот репрезентативец 

Репрезентативецот на Јужна Африка, Лук Флерс, е убиен во Јоханесбург, во моменти кога засега неидентификувани напаѓачи го нападнале со цел да му го украдат автомобилот.

Нападот се случил вчера на бензиска пумпа во Јоханесбург, и тоа кога Флерс чекал да наточи гориво. Вооружените напаѓачи му наредиле да го предаде возилото и пред да заминат, истрелале неколку куршуми во фудбалерот, кој починал од здобиените повреди.

 

„Осомничените впериле оружје во него и го извадиле од возилото, а потоа пукале во горниот дел од телото“, стои во соопштението на полицијата во Јоханесбург.

Лук Флерс беше член на еден од најдобрите и најтрофејните клубови во Јужна Африка, Кајзер чифс. Кариерата ја започна во Убунту Кејптаун, а потоа играше и за Супер спорт јунајтед. Флорс беше член и на репрезентацијата на Јужна Африка, за која настапи на Олимписките игри во Токио 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести