Трагедија во Карловац, загина фудбалер кој играше за Хрватска на ЕП 2008

Трагедија го потресе хрватскиот фудбал, вечерва во тешка сообраќајна несреќа на обиколницата во Карловац, животот го загубиле две лица, од кои едното е 39-годишниот Никола Покривач, кој е поранешен хрватски репрезентативец и некогашен играч на Динамо Загреб, Монако, Салцбург, Риека, а кој сезонава настапуваше за четвртолигашот Војниќ.

Со Динамо освои четири титули во Хрватска. Покривач имаше 15 настапи за националниот тим на Хрватска, а играше и на Мечот против Полска на Европското првенство во 2008 година.

Во 2012 година му беше дијагностициран рак на лимфните јазли, но ја победуваше болеста која последен пат му се врати во 2017 година кога мајка му го спаси до донирање на коскена срж.

- Оглас -

Најнови вести