Трагедија во Катар, навивач починал по натпреварот на неговата репрезентација

Навивачите на Велс по вчерашниот пораз од Иран од 2:0, добија уште една лоша вест, еден фан почина во Доха.

Според медиумите, 62-годишниот Кевин Дејвис починал неколку часа откако Велс загуби од Иран, со што драстично ги намали шансите за пласман во осминафиналето.
Дејвис во Катар пристигнал заедно со неколку пријатели, но поразот на Велс не го следел од трибините на „Ахман бин Али“ стадионот, туку останал во хотелската соба бидејќи не се чувствувал добро.

Била повикана брза помош која навивачот го однела во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот.

„За жал, загубивме еден член на Црвениот ѕид во Катар. Сочувство до неговиот син кој е во Катар, како и до семејството кое се наоѓа во Велс“, соопшти фудбалската федерација на Велс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести