Осум меча се одиграа денеска во осминафиналето на Купот на Германија, но сите резултати останаа во сенка на трагедијата која се случи на дуелот меѓу Енерџи Котбус и РБ Лајпциг.
Вистинска драма се случи на трибините на стадионот во Котбус, кога на еден навивач на РБ Лајпциг му се слоши и доживеа „медицинска итна состојба“ на влезот на стадионот (без интервенција на трети лица). И покрај брзата интервенција и транспортот до болница, тој почина.
Од почит, двете навивачки групи престанаа да навиваат, а на стадионот се одржа едноминутно молчење. РБ Лајпциг го намали преносот во живо и им упати сочувство на семејството и пријателите.
На крајот Лајпциг без многу проблеми победи со 4:1.
Во дербито на ова коло, Борусија Дортмунд на пенали го елиминираше Ајнтрахт и тоа во Франкфурт. Во регуларниот дел мечот заврши 1:1, а на пенали Милионерите славеа со 4:2.
Во останатите мечеви: Хајденхајм – Хамбургер 0:1, Херта – Елверсперг 3:0, Волфсбург – Кил 0:1, Аугсбург – Бохум 0:1 и Борусија Менхенгладбах – Карлсруе 3:1.

