Синот на познатиот некогашен англиски фудбалски репрезентативец Стјуарт Пирс, Харли, трагично загина во несреќа со трактор, а имаше само 21 година.
Поранешниот англиски репрезентативец е во жалост, заедно со целото негово семејство, откако Харли Пирс ја изгуби контролата врз своето земјоделско возило на селски пат во близина на семејната куќа во Вилтшир.
Првите извештаи велат дека трагедијата се случила бидејќи гумата на тракторот пукнала, а сето тоа довело до негово слетување од патот. Полицијата потврди дека Харли починал на лице место.
Харли беше помладото од двете деца што ги имаа Сјуарт и неговата поранешна сопруга со која се разведе во 2013 година.
Таткото Стјуарт Пирс одигра повеќе од 400 натпревари за Нотингам форест. Тој исто така играл за Ковентри, Њукасл, Вест хем и Манчестер сити. Имаше 78 натпревари за Англија, а подоцна беше и тренер и селектор на Англија и на репрезентацијата на Велика Британија на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.