Младиот лев бек на Фламенго, Рамон Рамос Лима (20), усмрти човек, откако со автомобил го закачи велосипедот со кој човекот разнесувал храна. Жонатас Дави дос Сантош паднал од точакот и починал на пат кон болница како последица од повредите.
Рамон откако ја направил белјата, веднаш повикал брза помош, но за жал, на 30-годишниот доставувач му немало спас.
Бекот Рамон сезонава одигра 24 меч за Фламенго, но не настапи во финалето на Копа Либертадорес против Палмеирас.
Клубот му даде поддршка на Рамон, за кого велат дека е добро момче кое никогаш не прави проблеми.