11.8 C
Skopje
понеделник, 27 октомври 2025

Трагедија во Шпанија: Почина млад фудбалер на Сарагоса

Шпанскиот фудбал е завиен во црно по страшната трагедија што ја потресе Сарагоса. Клубот со тешко срце соопшти дека починал нивниот млад фудбалер, кој имал само 15 години.

Сарагоса ја објави веста за смртта на Хорхе Касадо, тинејџер од нивната младинска академија. Според шпанските медиуми, младиот фудбалер починал во својот дом, а причината за смртта сè уште не е позната.

Касадо беше дел од клубот од најраните години и ги помина сите младински категории на Сарагоса. Од клубот истакнаа дека бил многу сакан и почитуван од ситe, соиграчи, тренери и вработени, и дека неговата смрт оставила огромна празнина во целата академија.

„Сарагоса одлучи понеделник да биде ден на жалост поради смртта на нашиот млад фудбалер Хорхе Касадо Рохас, кој почина на само 15 години“. стои во соопштението на клубот.


„Хорхе беше со нас од најмладите категории и играше за сите младински тимови. Беше сакан, почитуван и ќе остави неизмерна празнина во нашиот клуб.“

Сите активности во клубот беа откажани, a играчите на првиот тим се собраа на стадионот за да му оддадат почит со минута молк.

„Сите во клубот сме длабоко потресени од овој ненадоместлив губиток. Испраќаме искрено сочувство и поддршка до неговото семејство и пријателите во овие болни моменти. Почивај во мир, Хорхе“, порачаа од Реал Сарагоса.

Веста за трагедијата брзо одекна низ цела Шпанија. Бројни клубови упатија пораки на сочувство, меѓу кои и Реал Мадрид и Барселона.

- Оглас -

Најнови вести