Василије Мициќ може да ја напушти репрезентацијата на Србија и повеќе да не игра на Светското првенство во Кина, откако утрово дозна дека починала неговата мајка. Само што Србија се пресели во градот Донгуан, Мициќ ја дозна страшната вест.
Засега не се знае дали Мициќ ќе го напушти репрезентативниот табор или сепак ќе остане во составот и ќе биде дел од утрешното четвртфинале против Аргентина во 13 часот.
We sadly learned that our player Vasilije Micic's mother has passed away. Our sincere condolences to the Micic family and to the relatives of the deceased.
— Anadolu Efes SK (@AnadoluEfesSK) September 9, 2019