Трагедија во Уругвај: Пронајдено безживотното тело на некогашен младински репрезентативец

Некогашниот младински репрезентативец на Уругвај, Франко Акоста, трагично го загуби животот откако се удавил во обид да преплива река во јужниот дел на Уругвај. Неговиот брат пријавил во полиција дека Акоста е исчезнат, по што неговото безживотно тело е најдено вчера.

Акоста трагично почина само пет дена откако го прослави својот 26-ти роденден. Кариерата ја почна во Феникс во родната земја, а имаше и епизоди во Расинг Сантандер и Вилјареал.

Слична трагедија со давење неодамна ја погоди и јужноамерикасната земја Бразил, откако таткото на Алисон Бекер, голманот на Ливерпул и Кариоките, исто така се удави обидувајќи се да плива во река.

- Оглас -

Најнови вести