Трагедија за шампионот – Почина таткото на Хабиб Нурмагомедов

Руските медиуми објавија тажна вест дека на 57-годишна возраст почина Абдулманап Нурмагомедов, татко и тренер на големиот шампион и Ултимејт фајт борец, Хабиб Нурмагомедов.

Абдулманап беше хоспитализиран во болница во мај, откако имал срцев удар, но и беше позитивен на ковид-19. Во последните два недели беше ставен во индуцирана кома поради сериозни проблеми со дишните патишта и со белите дробови.

Во периодот од повеќе од еден месец Нурмагомедов сениор бил и опериран и му бил поставен бајпас на срцето, но, за жал, ја загуби битката.

Тој е еден од најпознатите тренери во УФЦ, а постојано беше во аголот кога неговиот син и непоразен шампион Хабиб се бореше со своите ривали.

- Оглас -

Најнови вести