Трагичарот на Интер од финалето на ЛШ ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија?!

Манчестер сити го победи Интер во финалето од Лигата на шампионите, а трагичарот на клубот од Милано, Ромалу Лукаку, сега е пред трансфер во Саудиска Арабија.

Според француските медиуми, Белгиецот веднаш по финалето во Истанбул, отпатувал во Саудиска Арабија на преговори со Ал-Хилал. Првата понуда која ја добил изнесувала „само“ 20 милиони евра и таа веднаш била одбиена.

Сепак, Арапите не се откажуваат од неговиот трансфер и стапиле во контакт со Челзи за негов трансфер бидејќи Лукаку е под договор со клубот од Лондон, а во Интер настапуваше како позајмен фудбалер.

Според шпекулациите, Челзи и Ал-Хилал се договориле трансферот да изнесува 50 милиони евра, а сега останува уште да се договорат личните услови на фудбалерот за да може трансферот да се реализира.

- Оглас -

Најнови вести