Трагичарот на Словенија се огласи на социјалните мрежи: „Ова е болно, но ќе се вратиме уште посилни“

Репрезентацијата на Словенија беше пред сензација и елиминација на Португалија во осминафиналето, но на крајот Кристијано Роналдо и соиграчите беа поуспешни во пенал-рулетот и се пласираа помеѓу најдобрите осум во Европа.

Голманот на Словенија, Јан Облак, во 113-тата минута му одбрани пенал на Кристијано Роналдо, а само две минути подоцна, Бенјамин Шешко ја имаше победата на Словенија во своите нозе бидејќи се најде очи во очи со голманот на Португалија, кој на крајот беше поуспешен, а тоа како да му влеа дополнителна самодоверба и во пенал-серијата.

„Ова е болно. Боли. Бевме многу блиску. Имам порака за вас: Пад е само кога ќе паднеш и ќе останеш да лежиш. Тоа за нас не е опција кога имаме таква поддршка од вас. Ќе се вратиме уште посилни од ова болно искуство. Ви благодарам за големата поддршка“, напиша Шешко на социјалните мрежи.

Словенија настапот на Европското првенство во Германија го заврши без победа, но и без пораз, со четири нерешени средби и елиминација на пенали од Португалија.

- Оглас -

Најнови вести