Трагично – Светски шампион удри во бетонска плоча по скок во вода и остана парализиран (Фото)

Флорин Мурешан, повеќекратниот европски и светски првак во традиционално карате, доживеа голема трагедија и остана парализиран откако по скок во базен со главата удрил во бетонскиот дел.

Мурешан има 28 години и доживеал фрактура на пршлените на рбетот и е неподвижен. Работел како обезбедување на базенот во Арад, Романија, каде и се случил инцидентот.

Веднаш се организираше акција за помош на несреќно повредениот Мурешан, кој со репрезентацијата на Романија има неколку европски и светски медали и титули во Традиционално карате.

 

- Оглас -

Најнови вести