Трајковски: Финале на ЕП со државен рекорд е голема победа за Македонија и за мене лично

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски остави траен белег во историјата на нашата атлетика со пласманот во финалето во скок во далечина на Европското првенство во сала. Тој го освои осмото место.

„Завршив меѓу осумте најдобри скокачи во далечина во Европа! Секогаш сакам повеќе, но горд сум на себеси. Достигнувањето на финалето со национален рекорд беше голема победа и за мене и за Македонија. Голема благодарност до сите кои ме поддржуваа, ми значи повеќе одошто може да замислите“, изјави Трајковски.

Овој атлетски успех на Андреас Трајковски е најдобар во историјата на Македонија, бидејќи тој е првиот атлетичар кој се пласирал во финале на Европско првенство. За да стигне до финалето, Трајковски ја постигна својата најдобра дистинкција со државен рекорд од 7,85 метри.

Трајковски учествуваше во сите шест серии. Во првата прескокна 7,59 метри, во втората немаше резултат, додека во третата постигна свој најдобар скок од 7,65 метри. Четвртата серија беше 7,63 метри, а во петтата и шестата серија не успеа да постигне резултат. Тоа беше доволно да заврши на осмото место од осумте учесници во финалната група.

- Оглас -

Најнови вести