13.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025

Трајковски: Ги изненадивме во Палермо, зошто да не биде така и сега во Скопје

Александар Трајковски е херојот на Македонија кој ја расплака Италија пред една и пол година, кога го постигна голот за победа во Палермо, во баражот за пласман на СП 2022. Трајковски неколку години играше во Италија и многу добро го познава овој ривал, кој нему му буди одлични спомени.
„Секој меч е многу важен, а секако дека Италија е еден од најтешките ривали. Ние добро се подготвуваме, мотивирани сме, треба да го дадеме максимумот на теренот. Посакувам да нè потценат, како што беше во Палермо. Покажавме дека можеме на нивен терен да ги изненадиме, па зошто да не се обидеме тоа да го направиме пред нашите навивачи”, рече Трајковски, кој моментално е без клуб но се надева дека за брзо време ќе најде ангажман.

- Оглас -

Најнови вести