Трајковски го има голгетерскиот инстинкт, му донесе победа на Хајдук!

Македонскиот репрезентативен напаѓач, Александар Трајковски, второ коло по ред е во почетните 11 кај Хајдук, и втор меч по ред дава гол.

За разлика од минатото коло кога голот на Алекс не му помогна на Хајдук да избегне пораз, овојпат погодокот беше победнички против Славен Белупо кој е претпоследен на табелата во хрватската лига.

Сплитските Били го сменија тренерот, а Трајковски веднаш се наметна, покажувајќи дека може да биде стабилна опција во нападот. Денеска Трајковски играше 86 минути.

- Оглас -

Најнови вести