Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски беше клучниот играч за Хајдук Сплит во драматичниот натпревар против Локомотива Загреб (1-1), постигнувајќи гол во последните секунди и донесувајќи бод за својот тим.
Хајдук се најде во многу тешка ситуација, губеше со 0-1 и остана со играч помалку откако голманот Лучиќ доби директен црвен картон. Тренерот Џенаро Гатузо реши да ризикува и го внесе Трајковски, кој одговори на предизвикот со погодок со глава, предизвикувајќи вистинска експлозија од радост на стадионот „Пољуд“.
Hajduk Split [1] – 1 Lokomotiva – Aleksandar Trajkovski 90’+8′
byu/50lipa insoccer
И покрај тоа што ремито беше спас во последен момент, Хајдук падна на втората позиција на табелата, со еден бод помалку од лидерот Ријека.
Ријека, исто така, дојде до победа во финишот, со играч помалку постигна гол против Вараждин и славеше со 1-0.