Палермо е во тага откако се дозна веста дека почина некогашниот претседател на овој клуб, Маурицио Цампарини на 80-годишна возраст.
Човекот кој го водеше овој тим од 2002 до 2018 година, најпрвин го внесе во Серија А по пауза од 31 година, а потоа успеа пет пати да го однесе клубот во европските натпреварувања.
Под негова палка, поминаа големи и познати играчи како Хавиер Пасторе, Единсон Кавани, Паоло Дибала, Фабрицио Миколи, а тука се и Македонците Александар Трајковски и Илија Несторовски.
Цампарини беше познат како „јадач“ на тренери бидејќи во период од 16 години, тој промени над 40 стручњаци на клупата сè со цел подобри резултати.
По неговото заминување, тимот се соочува со големи проблеми и во моментов е во четвртата лига во Италија, далеку од резултатите што ги остваруваше под палката на некогашниот претседател.
View this post on Instagram
View this post on Instagram