Анте Будимир, првиот стрелец на Мајорка, беше расположен за игра и голови, постигна два против Селта и го предводеше својот тим до убедлива победа од 5:1.
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски ги одигра последните десеттина минути на мечот што беше многу значаен за Мајорка во битката за опстанок во Ла Лига.
Будимир, Кучо и Позо погодија во првото полувреме и за 40 минути ги разрешија сите дилеми околу победникот. Будимир, кој е најдобар стрелец на тимот, и Севилја постигнаа погодоци во вториот дел и не дозволија да има неизвесност, иако Аспас намали на 3:1 од пенал.
Мајорка го фати последниот воз во битката за опстанок, иако сè уште е во опасната зона, но сега ја намали разликата на пет бода во однос на Селта. До крајот на шпанското првенство има уште пет кола.