Трајковски играше 104 минути, неговите соиграчи загубија од најдобриот тим во Саудиска Арабија

Ал Феиха на Александар Трајковски, испадна во четвртфиналето на Купот на Саудиска Арабија, и тоа на пенали, од Ал Итихад, тим кој е првопласиран на табелата во првенството кое станува сè поквалитетно, и привлекува ѕвезди од типот на Кристијано Роналдо.

Трајковски беше стартер и играше 104 минути. После 120 минути игра беше 1-1, а на пенали, фаворитот Ал Итихад беше поуспешен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести