Македонија загуби од Саудиска Арабија, а пријателскиот меч во Прага најмногу ќе се памети по фантастичниот погодок што го постигна Александар Трајковски во 40-тата минута, кога нашата селекција поведе со 1:0.
По мечот, Трајковски потенцираше дека не треба да има големо разочарување по овој пораз затоа што сега следува дуел против Лихтенштајн, кој е многу поважен затоа што се работи за пресметка од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година.
„Дадов прекрасен гол и среќен сум поради тоа. Сепак, на крајот побитен е резултатот, затоа што ова е тимска игра и конечниот резултат е најважен. Беше тежок меч, противникот ги искористи нашите две грешки и даде голови. По секој меч гледаме да ги извлечеме позитивните работи. Загубивме по 10 меча без пораз, но не треба да паѓаме поради тоа. Ова е фудбал. Следува Лихтенштајн, дуел кој е многу поважен за нас. Најважно е да се подготвиме за следниот натпревар затоа што тие три бода против Лихтенштајн се многу важни за нас во трката за СП 2026“, рече Трајковски по мечот со Саудиска Арабија во Прага.
Фантастичниот погодок на Трајоквски постигнат со ножички може да го видите ТУКА.