Трајковски можеби ќе премине во Хајдук, ама не денеска

По релативно изненадувачките информации дека Александар Трајковски е пред трансфер во сплитскиот Хајдук и сега уште денеска ќе оди на лекарски прегледи и потпис со хрватскиот клуб, од Хајдук негирале дека тоа ќе се случи.

Никој не негира дека има преговори, вистина е дека Алекс е блиску до договор со Хајдук, но според хрватски медиуми, работата не е завршена и Трајковски денеска нема да оди на лекарски тестови.

Трајковски пред повеќе од 10 години играше во Хрватска, за Интер Запрешиќ, но сега во Хајдук, кој ќе се бори со Динамо Загреб за титула, би дошол како големо засилување и докажан играч.

- Оглас -

Најнови вести