Србинот Милан Павков од Црвена ѕвезда се пресели во саудискиот клуб Ал-Феиха, а таму соиграч ќе му биде македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.
Како добри домаќини, Балканците Владимир Стојковиќ и Трајковски го пречекаа Павков, а тренер им е Вук Рашовиќ. Тие се тука да му помогнат на Павков побрзо да го преболи тоа што му се случи неодамна на средбата Црвена ѕвезда – Макаби Хаифа.
Судбината сакаше Павков од Ѕвезда да си замине како трагичар поради неговиот автогол тимот нема да игра во Лигата на шампионите, но во минатото тој даваше многу важни голови кои нема да ги заборават фановите на Црвено-белите.