Александар Трајковски летово е слободен играч откако му заврши договорот со Хајдук Сплит. Македонскиот репрезентативен голгетер сега е во потрага по нов клуб и нов предизвик, а според најавите, Трајковски во новата сезона најверојатно повторно ќе заигра во Италија.
Постои опција Трајковски да потпише за тимот на Комо, кој е дел од Серија А, но веднаш да биде даден на позајмица, и тоа во Палермо, кој игра во Серија Б. Бидејќи Трајковски нема пасош од земја од Европската Унија, не може директно да потпише за тим во Серија Б, па затоа прво ќе го стави потписот со тимот на Комо, а потоа ќе замине на позајмица во Палермо.
Палермо е многу добро познат клуб, но и град кој носи одлични спомени за Трајковски. Тој настапуваше во розевиот дрес на Палермо во периодот од 2015 до 2019 година.
Токму во Палермо, Трајковски го постигна и еден од најзначајните погодоци во историјата на македонската фудбалска репрезентација, кога во баражот за СП 2022 во 90+1 минута погоди за победа на Македонија од 1:0.
Дека уште има фудбалска муниција, Трајковски покажа и на последниот меч на македонската репрезентација, откако погоди на гостувањето во Астана против Казахстан во победата од 1:0.