Трајковски не играше, но се израдува на важен триумф против Барди и Леванте (видео)

Грам надеж за Мајорка носи триумфот од 2-0 против Леванте, со кој екипата на Александар Трајковски може да сонува опстанок во Ла Лига. Не видовме македонски дуел на шпанско тло, Трајковски од клупа го проследи важниот триумф на Мајорка, додека пак Енис Барди ги одигра сите 90 минути за Леванте.

Мразот го скрши Кучо во 40-тата минута, па Мајорка ја запиша само втората победа по продолжувањето на сезоната. Дилемите ги разреши Кубо во 84-тата минута, кога ги постави конечните 2-0.

https://twitter.com/MundialCancha/status/1281298268778045443

Мајорка сега има 32 бода, опстанокот им бега за три бода, односно на 17-тата позиција стои Алавес со 35 бода. Леванте е сигурен на 12-тото место со 43 бода. Во меѓувреме Ејбар и Леганес ремизираа без голови.

- Оглас -

Најнови вести