Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски, беше стрелец на голот за победа на Хајдук во дерби-дуелот од хрватското првенство против Ријека. Нашиот фудбалер погоди во 78-мата минута, само четири минути откако беше уфрлен во игра, и ги постави конечните 2-1 за екипата од Сплит.
Иако Хајдук го победи лидерот на табелата, сепак има само теоретски шанси за освојување на титулата во Хрватска. Ријека и Динамо Загреб во пресрет на последното коло имаат по 62 бода, а Хајдук два помалку. Сепак, во пол-позиција за трофејот е Ријека, која има подобар меѓусебен скор од Динамо, па со победа над Славен Белупо на домашен терен во последното коло, ќе ја освои втората титула во првенството на Хрватска.
Динамо Загреб во последното коло игра против Вараждин на домашен терен, но освен победа, ќе му треба и помош од Славен Белупо, додека Хајдук ќе треба да го победи Шибеник на гости и да чека киксови и на Ријека и на Динамо.