Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски, на најдобар начин го најави настапот во квалификациите за ЕП 2024, со фантастична асистенција со која го спаси својот тим од пораз.
Трајковски на мајсторски начин, со пета, во 95-та минута му асистираше на Нвакаме на кого не му беше тешко да постигне гол и да го спаси Ал Фејха од пораз во дуелот со Ал Адалх во шампионатот на Саудиска Арабија.
شاهد هدف #الفيحاء القاتل سجله الاعب انتوني نواكايمي ⚽️🧡
— جديد الفيحاء (@jadidAlfayha) March 17, 2023
Трајковски доби повик од селекторот Благоја Милевски за настап во првото коло од квалификациите за пласман на ЕП 2024 што ќе се игра на 23. март на Националната арена „Тодор Проески“ против Малта.