Трајковски со македонски рекорд, златото на Балканијадата му побегна за два сантиметри (Видео)

Андреас Трајковски постави нов македонски рекорд и го освои второто место и сребрениот медал на Балканското првенство во атлетика во сала, кое се одржува во Истанбул.

Трајковски може да жали што не освои злато, бидејќи водеше по пет серии, пред во шестата водството да го преземе Хрватот Лука Ќурковиќ со скок од 7.81 метри. Трајковски се надмина себеси во последната шеста серија, имаше должина од 7.79, што е негов личен, а и државен рекорд на Македонија, па имаше измешани емоции: радост за рекордот и тага што не освои злато.

Скокот на Трајковски погледнете го ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести