Александар Трајковски е фудбалерот кој во Палермо се чувствува како да е дома. Напаѓачот помина четири години играјќи за Палермо и сега повторно се враќа на „Ренцо Барбера“. Напаѓачот на македонската репрезентација верува дека можеме да ги изненадиме Италијанците и да се пласираме во финалето на плејофот за пласман на Светското првенство во Катар.
„Поминав многу убави четири години во тој град. За цела Македонија овој меч е многу важен. Верувам во нас и во соиграчите дека ќе може да ја израдуваме Македонија. Сакам да не потценат, а потоа да им покажеме колку згрешиле. Имаме добри играчи и со добрите резултати покажавме дека вредиме. Треба да одиграме храбро, без страв и верувам дека може да победиме“, вели Трајковски.